Интервју – Weniche Prebensen, виш советник во одделот за надворешни работи на Норвешка.

Во просториите на Македонското здружение за заштита при работа, беше одржана работна средба со претставници од Норвешка Делегација, Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика, разговаравме со Weniche Prebensen- виш советник во одделот за надворешни работи.

  1. За  Вашата соработка со Македонското здружение за заштита при работа?

Соработка помеѓу МЗЗПР и Министерстово за надворешни работи- Норвешка, започна во 2005 година, со спроведувањето на проектот- “Воведување и зајакнување на Европските стандарди за заштита при работа во текстилната индустрија”. Преку имплементација на проектот се подобрија условите за работа во текстилната индустрија преку подобрување на стандардите за заштита при работа, беа пренесени добрите искуства на околу 5000 вработени,  беше отстранет  азбестот од кровната конструкција во една фабрика, беше обезбедена лична заштитна опрема итн. Температурата во фабриките се намали од 35C до 28 C во просек; продуктивноста се зголеми од 20% до 30%.

Со спроведувањето на проектот „Градење на капацитети за БЗР: Запознавање на БЗР менаџмент систем во Македонија” беа организирани повеќе од 20 обуки на различни теми за БЗР наменети за членовите на МЗЗПР, компаниите и сите чинители во областа на заштитата при работа, беше обезбедна поддршка на 12 македонски компании во согласност со грантовите шеми.

Преку проектот “Овозможување на БЗР образование на засегнатите страни за сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институциите од ЕУ” кој беше имплементиран од 2013 до 2016 година, беа спроведени низа на активности; обуки, студиски посети, тркалезни маси, учество на меѓународни конференции и сл.

  1. Ваше мислење, како ја оценувате состојбата на безбедност и здравје при работа во Македонија?

Во текот на овие години, значително се забележува подобрување на состојбата со БЗР во Македонија. Сепак, потребна е дополнителна работа во голем број на области, односно ефикасно спроведување на меѓународните стандарди и прописи на ЕУ за овозможување на систематски пристап и поединечно усвојување на обуки на работни места, со цел принципите за одржливост на БЗР да бидат поставени низ Македонија.

Visits: 58

Posted in Новости.