При кражба од бензинска пумпа повреден вработен

Рано изутринава, во 02:10 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во бензинска пумпа на скопската улица Методија Андонов-Ченто, информира Министерствот за внатрешни работи.

– Во еден момент кога еден вработен се обидел да го спречи во намерата, сторителот замавнал со ножот и му нанел удар во близина на десната слепоочница. Од страна на Итна медицинска помош вработениот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување – соопштија од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=bedc39cd-6780-4045-b3e4-389f7b6e8ac9

Visits: 88

Posted in Несреќи при работа.