Повреден работник во млекара во Куманово- Итно префрлен на Ургентен

05,04,2017

Вчера попладне, во Куманово во Млекара „Здравје Радово“, 29- годишниот Д. С. од Скопје, работејќи во погон за производство на млечни производи, по своја волја се качил во товарен лифт натоварен со туби со средства за чистење, при што се скинала сајлата и лифтот паднал од висина од 1.5-2 метри. Д.С. се здобил со тешки телесни повреди на нозете поради што бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар Скопје.

Извор: http://www.press24.mk/povreden-rabotnik-vo-mlekara-vo-kumanovo-itno-prefrlen-na-urgenten

Visits: 73

Posted in Несреќи при работа.