На 26.04.2017 година во 19.30 часот во ПС Штип, полициски службеник во ПС Штип пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот, додека бил на извршување на службени задачи на влезната врата од градскиот стадион во Штип заедно со уште еден полициски службеник и двајца вработени од агенција за обезбедување, бил физички нападнат од лицето Д.М. (26) од Штип. Истиот сакал да влезе на стадионото без купен билет. Откако лицата од обезбедување не му дозволиле да влезе, веднаш почнал на висок тон да им упатува навредливи зборови и пцовки, а во еден момент се обидел и физички да нападне еден од нив. На ваквото однесување реагирал полицискиот службеник кој му наредил да престане со таквото однесување и да се оддалечи од местото. Д.М. не ги послушал наредбите и физички го нападнал полицискиот службеник, удирајки го со тупаница во пределот на лицето. Напаѓачот бил совладан и приведен во ПС Штип со помош на друг полициски службеник. Од страна на лекар во Медицински центар Штип кај пријавителот се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/741
Views: 68