На 27.04.2017 година во 23.05 часот во ЕИК Скопје, Ј.Ш.Л. (63) од Скопје, вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18.30 во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото. Истата била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови. При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторители и за целосно расчистување на настанот.
Извор: http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/741
Views: 54