Пожар во РЕК, еден повреден

Денес нешто после 13 часот, при рутинска манипулација на 6 киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, поради ненамерна човечка грешка, дојде до пожар на дел од кабловските системи,кој со навремена интервенција на надлешните служби на комбинатот, за кратко време е неутрализиран и изгаснат. За време на настанот,повреден е работник кој веднаш со возило за итна медицинска помош е транспортиран до Битолската болница, каде што по извршената медицинска интервенција, се наоѓа надвор од животна опасност.

Како резултат на ова, сработи заштитата што доведе до исклучување на блокот 1 на РЕК Битола, на кого во моментот стручни екипи на комбинатот работат на негова санација и се очекува во текот на утрешниот ден блокот да влезе во функција.

Поради брзата и навремена интервенција на стручните служби на комбинатот, пожарот не предизвика поголема материјална штета, а снабдувањето со електрична енергија на тарифните потрошувачи се одвива нормално, од останатите производни капацитети на ЕЛЕМ, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Извор: http://daily.mk/auto/pozhar-rek-eden-povreden

Visits: 71

Posted in Несреќи при работа.