Камионџија тешко повреден додека менувал гума

Вчера околу 15.20 часот во Штип, на локален пат во близина на железничката пруга Штип-Скопје на место викано „Ежово Брдо” е повреден Д.Т.(33) од Куманово, вработен како возач на камион-влекач на полуприколка сопственост на ДПГУ Бетон-Градба ДООЕЛ-Куманово.

При промена на пукнат преден пневматик, со цел да постави дополнителна дигалка за поголема сигурност, во моментот кога Д.Т.се наогал под камионот, дошло до испуштање на воздухот од воздушните перничиња со што Д.Т. бил потиснат и нанесени му се тешки телесни повреди, скршена десна надколеница и скршена карлица.

Прва помош му е укажана во Медицински центар Штип, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/kamiondzhija-teshko-povreden-dodeka-menuval-guma

Visits: 92

Posted in Несреќи при работа.