Повреден полицаец во инцидент со дрвокрадци

Полицаец е повреден синоќа, кога дрвокрадци се обиделе да избегаат од полициската патрола која се обидела да ги сопре. Настанот се случил еден час по полноќ во велешкото село Горно Оризари.

Полицијата му сигнализирала на возачот – 43 годишен жител на селото Бузалково, да го сопре камионот натоварен со дрва. Наместо тоа, тој со голема брзина се упатил кон полициската патрола обидувајќи се да ги прегази полицајците. Тие испукале неколку куршуми во воздух, но и во гумите на камионот и во тој момент камионот удрил во еден од полицајците.

Со полесна телесна повреда, полицаецот е пренесен во велешката болница и по укажаната помош, бил пуштен на домашно лекување. Возачот на камионот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава.

Извор: http://24vesti.com.mk/povreden-policaec-vo-incident-so-drvokradci

Visits: 58

Posted in Несреќи при работа.