КОЛАПС НА НЕОБЕЗБЕДЕНО СКЕЛЕ

ЛИНК: http://www.ppconstructionsafety.com/newsdesk/2017/08/11/scaffold-collapse-caused-by-lack-of-ties/

Скелето кое падна за малку промаши минувач и се струполи врз  паркираните автомобили

Изведувачот на скеле / ​​покриви е казнет откако се срушило скеле во индустриска единица во Пул, Дорсет во 2015 година.

За поставување на скелето беше ангажирана фирмата Swanage & Dorset  и  Limited (SDSRL) za да се подигне скеле на индустриската единица во Aлдер Хилс Бизнис Парк.

Скелето се распадна на 14 септември 2015 година, за малку промашувајќи го канцеларискиот работник кој само што ја напуштил зградата. Распадот на скелето предизвика сериозни оштетувања на паркираните автомобили.

Изведувачот не успеал да ги обезбеди потребните безбедносни услови  скелето да е соодветно прицврстено за зградата за да ги издржи предените оптоварувања на ветерот.

Потребно е правилно дизајнирање и инсталација

Истражувачите на HSE утврдиле дека изведувачот не го поставил скелето според стандардите и не ги почитувал контролните листи за поставувањето. Со тоа се утврдило дека постевното скеле не било соодветно дизајнирано и инсталирано за да се спречи рушење за време на употребата.

  • Обвинетата компанија се изјасни за виновна за прекршување на Правилото 19 (2) од Правилникот за конструкција и управување со градежни објекти 2015.

Компанијата е казнет со парична казна од 27.000 фунти и дополнително да плати 4051 фунти за трошоци во обвинителството.

Говорејќи по сослушувањето главниот инспектор на ХСЕ Хелена Тинтон рече:

“Компанијата не успеа соодветно да го обезбеди скелето поставено на зградата а со тоа да се избегне нејзиното рушење од јачината на ветрот.

Многу ми е драго што никој не беше повреден како резултат на овој инцидент. Сите носители на должност имаат одговорност да се обезбедат скелињата и да постават соодветно и правилно дизајнирани и инсталирани од страна на компетентни работници. “

 

Visits: 1074

Posted in IOSH, Документирани несреќи при работа, Новости.