Тракторист загина во делчевско Габрово

 Во несреќа со трактор загина 42-годишен жител на делчевското село Габрово. Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера кај месноста Кремењача во атарот на селото Габрово.

– До несреќата дошло откако Б.Д. роден 1975 година кој го управувал тракторот и кој бил со приколка и натоварен со дрва, изгубил контрола врз него, па тракторот се превртел при што Б.Д. паднал од тракторот, а врз него паднало левото задно тркало. Б.Д починал на самото место, истакна Гордана Панајотова- портпарол на штипската полиција.

Таа истакна дека надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено на семејството.

Според очевидци, Б.Д. бил на сеча на дрво заедно со татко му и уште ден роднина. Инаку, во регионот ова е втора несреќа за неколку дена при сеча на дрва. На 9 септември при сеча на дрва во беровското село Владимирово загина 50-годишен сечач на дрва од Берово.

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Тракторист-загина-во-делчевско-Габрово&id=b3431d0f-82ee-4888-aac6-6058a9223743

Visits: 58

Posted in Несреќи при работа.