Опожарена фурната и семејната куќа на Мисајловски, повреден пожарникар

Утринава во 9 часот избувна пожар во пекарата „Кендо” во скопската населба Ѓорче Петров. Фурната е во сопственост на таткото на поранешниот министер за транспор и врски, Владо Мисајловски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

Пожарот го зафатил и покривот на семејната куќа на Мисајловски. Според очевидците, пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава, објави Фокус.
Повреден е еден од пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот.

http://vecer.mk/makedonija/opozharena-furnata-i-semejnata-kukja-na-misajlovski-povreden-pozharnikar

 

Visits: 74

Posted in Несреќи при работа.