На влезот на Скопје гаѓано со камен по полициско возило- еден полицаец повреден

Околу 9 часот вчера, на влезот во Скопје кај населбата Маџари со камен било гаѓано возило на МВР, по кое еден припадник на полицијата се здобил со повреди.
Имено полициското возило Дефендер“ се движеле по автопат кон Скопје а точно под мостот Маџари, од страна на непознато лице било фрлено со камен при што било оштетено ветробранското стакло, од што, пак,  на повреди се пожалил еден полициски службеник кој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Напаѓачите веднаш се одалечиле од местото и избегале, па по нив се уште се трага.

Извор: https://pogled.mk/

Visits: 65

Posted in Несреќи при работа.