Циркулар му скинал три прсти

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 12 минути се случила страшна несреќа при работа во Скопје.
Полциијата информира дека од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека бил донесен кај нив 19-годишниот С.Џ. од Скопје, кај кого биле констатирани тешки телесни повреди и тоа три скинати прсти на левата рака.
Со повредите младото момче се здобило додека работело на циркулар во фирма на улицата „Перо Наков“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: http://press24.mk/strashna-nesrekja-vo-skopje-cirkular-mu-skinal-tri-prsti

Visits: 94

Posted in Несреќи при работа.