Го нашле починат под запрежна кола натоварена дрва

Во несреќа со запрежна кола натоварена со дрва, животот го изгуби 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град.

Како што информираат од СВР Штип, случајот во Полицијата во Делчево бил пријавен во 20 часот и 15 минути, а телото на починатиот било пронајдено под запрежната кола натоварена со дрва од страна на жители од селото во месноста Момин Дол во атарот на селото Град.

-Надлежни екипи извршија увид на местото на несреќата, а доктор од Итната медицинска помош од Делчево извршил преглед на телото на починатиот и установил политрауми, односно пореди на главата, кичмата, градниот кош, внтарешно и надворешно крвавење. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, рече Панајотова.

Извор: http://www.press24.mk/tragedija-vo-makedonija-go-nashle-pochinat-pod-zaprezhna-kola-natovarena-drva

Visits: 77

Posted in Несреќи при работа.