Маж повреден при експлозија додека заварувал се бори за живот

Вчера во 14.45 часот во скопската полиција , Ј.И. пријавил дека на ул.„Бриселска” во куќата на неговиот сосед С.С.(92) имало експлозија и притоа бил повреден М.С..

Шеесет и четиригодишниот М.С. бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени од експлозија од бренер за заварување и бил во животна опасност.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.

Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/mazh-povreden-pri-eksplozija-dodeka-zavaruval-se-bori-za-zhivot

Visits: 98

Posted in Несреќи при работа.