Еден пожарникар повреден при гасењето на пожарот на Зелен пазар

Денес околу 16.30 часот на Зелен пазар во Скопје од непознати причини дошло до пожар на 4 тезги, од кои една целосно и три се делумно опожарени.

Пожарот е локализиран од страна на екипа на БППЗ.

Со повреда при гаснење на пожарот се здобило лицето Е.Х. (1965), со изгореници на двете дланки на рацете и е пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“,каде му е укажана лекарска помош.

Извор: http://a1on.mk/archives/854472

Visits: 88

Posted in Несреќи при работа.