Камион удри во кабина на пасошката контрола на Табановце, еден полицаец заврши со повреди – ова се деталите

Несреќа на граничниот праничниот премин Табановце.

На 15.03.2018 година во 19.00 часот на Граничен премин Табановце, на лента за пасошка контрола, товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К.Г. (55) од Радовиш,  удрило во кровната конструкција од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило.

Притоа, од искршените стакла со повреди на левата рака се здобил полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината.

Тој бил пренесен во Општа болница Куманово,  каде му била  укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

http://sky.com.mk/blog/2018/03/16/kamion-udri-vo-kabina-na-pasoshkata-kontrola-na-tabanovtse-eden-politsaets-zavrshi-so-povredi-ova-se-detalite/

Visits: 91

Posted in Несреќи при работа.