Работилница на тема Основни поими на ергономијата и нејзината улога во безбедноста и здравјето на работниците

Со цел присутните да се стекнат со подетални и поспецифични познавања и методологии кои ергономијата ги нуди, Машински Факултет-Скопје и Македонското здружение за заштита при работа на 29 мај вторник 2018 година со почеток во 09:30 часот, во просториите на МФС, новата зграда за атести, училница K3-9, спрат 3, организира работилница на тема: „Основни поими на ергономијата и нејзината улога во безбедноста и здравјето на работниците‘‘ согласно годишната програмата за стручно усовршување од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Целта на работилницата е стекнување со особено важни познавања од областа на ергономијата кои се во насока на зголемување на на безбедноста и здравјето при работа, како и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР.

ПРОГРАМА:

I дел:
– Вовед во ергономијата и нејзината врска со БЗР
– Ергономски принципи (когнитивни и физички)

Предавач:
Проф. Д-р. Јасмина Чалоска – Машински факултет, стручно лице за БЗР

II дел:
– Ергономија во современите канцеларии (компјутерски работни места)
– Останати специфични работни места

Предавач:
Докторанд Билјана Матевска – Машински факултет, специјалист по ергономија од Македонското здружение за заштита при работа

III дел:

– Антропометријата, кинезиологијата, биомеханиката и психомоториката во улога на ергономијата
– Физички вежби за истегнување

Предавач:
Проф. Д-р. Серјожа Гонтарев, професор на факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Цена на чинење на обуката:
– 4.570,00 денари за сите заинтересирани страни
– 4.070,00 за членови на Македонско здружение за заштита при работа
– Секој втор и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата;

Во цената се вклучени: материјали од предавањата, консултации со презентерите, ручек и освежување за време на работилницата.
Краен рок за пријавување 25. 05. 2018 до 16 часот

Покана за ергономија 29 мај 2018

Електронско пријавување

Контакт:

Маја Петровска 
Контакт тел: 075 432 031
maja.k@mzzpr.org.mk

Андријана Зафировска
andrijana.z@mzzpr.org.mk
Контакт тел: 077 560 382

Visits: 240

Posted in Новости, Обуки.