Бизарна несреќа во Македонија – тракторот тргнал и го прегазил

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 35 минути во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“  било пријавено дека кај нив бил донесен повреден маж.

Полицијата информира дека се работи за 33-годишниот И.М. од селото Крушопек, кој бил прегазен со трактор додека работел на нива.

Во еден момент му изгаснал моторот. После тоа, тој се симнал и се обидел да го стартува тракторот. Успеал во тоа, тракторот почнал да се движи и го прегазил на двете стапала.

Од страна на лекар на И.М. му била укажана помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

http://press24.mk/bizarna-nesrekja-vo-makedonija-traktorot-trgnal-i-go-pregazil

Visits: 105

Posted in Несреќи при работа.