Македонец се бори за живот, по тежок судир на камиони во Хрватска

Четириесет и деветгодишен Македонец се бори за живот во болницата во Сисак, Хрватска, по тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера во 2 часот по полноќ, на автопатот кај местото Кутина, пренесува „Вечерњи лист“.

Несреќата во која се повредени три лица, се случила кога македонскиот државјанин, управувајќи камион со приколка, не се придржувал до потребното растојание во однос на возилото пред него, при што дошло до судир со камион со романски регистарски таблички. Романецот што го возел другиот камион е со лесни телесни повреди.

Извор: Нова Македонија

Visits: 110

Posted in Несреќи при работа.