Работник со повреди на главата итно пренесен на скопските клиники

Синоќа во 20.00 часот во СВР Куманово, лекар од Ургентен центар Куманово пријавил дека кај нив бил донесен повреден 57- годишниот С.Ј од село Биљановце, кумановско.

Од полиција наведуваат дека при симнување од дрвена скала од објект во изградба во село Клечовце тој паднал и се здобил со повреди на главата.

Поради сериозноста на повредата С.Ј. истиот бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на место извршила екипа од СВР Куманово.

Извор: https://press24.mk/rabotnik-so-povredi-na-glavata-itno-prenesen-na-skopskite-kliniki

Visits: 110

Posted in Несреќи при работа.