Сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил

Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајната незгода била на регионалниот пат  Неготино – село Лакавица.

– Тракторот марка „ИМТ 539“ со неготински регистарски броеви бил управуван од Ж.П.(65) од село Пепелиште неготинско, а патничкиот автомобил марка „фолксфаген голф“ со неготински регистарски броеви го управувал Г.Г.(40) од Неготино – појаснува Додевски.

Во незгодата бил повреден возачот на тракторот и по укажаната медицинска помош во општата болница во Неготино, а поради тешките повреди бил пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

ИЗВОР: http://www.sudstvo.mk

Visits: 107

Posted in Несреќи при работа.