Кичевец тешко повреден по пад од приколка натоварена со дрво

Педесет и двегодишниот М.Р.  од Кичево е тешко повреден откако во неделата вечерта паднал од приколка натоварена со дрва.

Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила во 20,30 часот во Кичево на улицата „Амит Челопечанец“ , во момент кога 75-годишниот А.Љ. од Кичево, управувајќи работна машина „БОБ кет“ која влечела приколка со кичевски регистарски ознаки натоварена со дрва, а М.Р. паднал.

По незгодата, М.Р. е префрлен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во Болница„Свети Еразмо Охрид“.

Извор: http://netpress.com.mk/kicevec-tesko-povreden-po-pad-od-prikolka-natovarena-so-drvo/

Views: 97

Posted in Несреќи при работа.