„Вистинско време да се поттикне културата на превенција во училиштата“

ЕРАЗМУС + ПРОЕКТ ЗА РАБОТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА МЛАДИ ЛУЃЕ

Разговор со  Диана Поликарпо, проект менаџер Еразмус +, Португалија

Што говори статистиката во однос на фатални и нефатални несреќи на возрасна група од 19-34 години во Португалија??

Статистичките податоци покажуваат дека лицата од 19 до 34 години имаат поголема веројатност да имаат сериозна несреќа на работното место за разлика од постарите лица. Доколку се изложени на лоши работни услови, додека сеуште се млади, тоа може да допринесе до развој на професионални  болести.

Во прилог се статистичките податоци на Португалија во последните 3 години. Како што можете да забележите 1/3 од нефатални несреќи им се случуваат на младите луѓе.

 

Фатални несреќи
  19-24 години 25-34
2015 година 1 18
2016 година 4 9
2017 година 3 11

 

 

Нефатални несреќи
  19-24 години 25-34
2015 година 29 90
2016 година 20 52
2017 година 23 74

 

Потенцирате дека наставниците и професионалните обучувачи имаат важна мисија во запознавање на младите/ идните работници со безбедност и здравје при работа. На кое ниво е спроведување на безбедноста и здравјето при работа во образовната програма во Португалија?

Законот има големи очекувања за образовниот систем во Португалија. Ние веќе извршивме 2 акредитирани обуки за безбедност и здравје при работа наменети за наставници и подготвуваме следен серијал.

Од друга страна, остваривме договор со генералната дирекција за едукација за понатамошна соработка со други субјекти во изготвување на референца за интегрирање на овие прашања во наставните програми во сите степени на образование, од најрана возраст до Универзитетите. Во месец јуни реализиравме семинар за десиминација на проектот каде присутни беа претставници од Државни институции и Унија на работодавачи. Ова е јасен знак дека владата на Португалија станува свесна за важноста на оваа проблематика.

 Кои се целите на проектот?

Најпрво, изготвивме упатство за значањето на безбедноста и здравјето при работа кои што беа дистрибуирани до наставниците. Целите беа:

– Вредност и промовирање на подобра квалификација на наставниците

– обука / образование

– Развивање на компетенциите на наставниците во делот на безбедност и здравје при работа

-Дизајнирање и спроведување на програми за обука на наставници

Потоа, сакавме да:

– Подобриме и пронајдеме практики за осознавање на безбедносните и здравствените проблеми во училниците, со реализација на платформа за размена на искуства и присуство на материјали, кои секој партнер беше одговорен за валидација на истите на мајчин јазик.

– Мотивирање и подготвка на млади луѓе да работат во безбедни услови и да живеат и учат како да бидат одговорни граѓани по напуштањето на училиштето.

– Платформата е прилагодена, особено за младите, со информации, видеа, игри и други работи поврзани со безбедност и здравје при работа.

 

Кои ќе бидат активностите кои ќе се следат во рамките на проектот?

Имаме обврска за ширење и одржување на овие платформи 3 години по затворањето на проектот. Ние направивме нова апликација за програмата Еразмус + за продолжување на овој проект со различни теми и дополнителни партнери. Ова е вистинското време да се поттикне културата на превенција во училиштата. Да се ​​надеваме дека Агенцијата ги препознава нашите напори и ни укажува доверба.

Но, задачата не е целосно завршена додека не воведеме тема, предмет безбедност и здравје при работа во образовниот систем.

Кои се вашите предлози за потикнување превентивна култура?

Културата е она што не одредува нас. Културата го обликува нашиот идентитет.

Доживотно познавање на културата на превенција е од суштинско значење за намалување на професионални несреќи и болести. Не може да се стекнат нови значајни информации кои ќе прераснат во знаење, ако бидат исклучени важните културни прашања.

Поставување култура на превенција во срцето на развојот и политиките за имплементација на безбедноста и здравјето при работа е клучено за идни инвестиции, во подобрување на работните услови и благосостојбата во работни места низ целиот свет, вклучувајќи ги и земјите партнери.

Потребно е:

– Подобрување на пристапот до информации за безбедност и здравје при работа

– Да им се овозможи на наставниците размена на знаења и искуства;

– Користење на социјалните медиуми како наши сојузници.

 

 

 

 

 

 

Visits: 308

Posted in Новости.