Обука на тема „Основни принципи на управување со организации”

Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, на 15ти и 16ти октомври во хотел Порта, Скопје, успешно спроведе обука на тема „Основни принципи на управување со организации”.

Учесници на оваа обука беа претставници на организации на работодавачи и стопански комори, регистрирани на територија на Република Македонија.

Теми кои беа обработени за време на обуката се следниве:

• Управување со невладините организации

• Дефинирање на стратегиски цели и насоки

• Оперативно планирање и финансиско управување на организации

• Делување преку градење на сојузи, коалиции и мрежи итн.


Учесниците на обуките се стекнаа и со експертиза за процесите при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој и управување на организациите на работодавачи и стопанските комори.

Понатака, од нив се очекува да влијаат при зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу организациите на работодавачи, стопанските комори, другите здруженија на граѓани и владините институции.

Visits: 87

Posted in Новости.