Несреќа во рудникот Тораница: Има повредени рудари

Двајца рудари кои работеле во рудникот Тораница вчера околу 14.40 часот биле со повреди донесени во Здравствниот дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош.

Како што информираат од полицијата се работи за лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка.

-В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

ИЗВОР: https://lider.com.mk/hronika/nesrekja-vo-rudnikot-toranica-ima-povredeni-rudari/

Visits: 117

Posted in Несреќи при работа.