Обука на тема “Заеднички пристап на стручното лице по БР и докторите по медицина на трудот во утврдување на превентивни мерки за намалување на опасностите и штетностите на работно место”

Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, на 14ти и 15ти Ноември во хотел Порта, Скопје, успешно ја реализираше обуката на тема: “Заеднички пристап на стручното лице по БЗР и докторите по медицина на трудот во утврдување на превентивни мерки за намалување на опасностите и штетностите на работно место.”

Учесници на оваа обука беа дваесетина претставници на здруженија/организации на работодавачи, комори и кластери, и стручни лица за БЗР, кои работат активно во полето на БЗР и унапредување на работните услови. Работилниците за време на обуката беа предводени од страна на м-р. Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, стручно лице за БЗР и др. Сашо Столески, од Институтот за медицина на труд.Успешната реализација на обуката ќе придонесе кон унапредување на полето на БЗР, во рамките на здруженијата/организациите на работодавачи, комори и кластери, чии претставници беа активни учесници на обуката.

Visits: 225

Posted in Новости.