Промоција на Практичен Водич за организациски развој на граѓанските организации

Во рамките на зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор во Република Македонија и имајќи ја во предвид неговата кохезивна сила, се зафативме со подготовка и изработка на овој Водич, како дел од Европската агенда за активно вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики.

Овој водич е дел од Европскиот проект за “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”, преку кој сакаме да им се помогне на граѓанските организации, во насока на нивен организациски, финансиски и структурен развој, како и нивна активно вклученост во процесите на креирање на јавните политики.

Водичот е подготвен на македонски , албански и англиски јазик и истиот може да го превземете on-line или во просториите на нашето здружение.

    

Visits: 1504

Posted in Библиотека, Новости, Публикации.