Тешко повреден тетовчанец по пад од мост

Околу 13 чaсот пријавено е дека при изведба на градежни работи на мостот на Дреновска клисура Н.М.(45) од Тетово, паднал од мостот на висина од околу 5 метри и се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

По укажаната медицинска помош повредениот е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот.

https://emagazin.mk/teshko-povreden-tetovchanec-po-pad-od-most/

Visits: 115

Posted in Несреќи при работа.