Повикот за учество во изборот за доделување на Национална награда за 2018 година трае до 25 март 2019 година до кога е и крајниот рок за пријавување на компаниите. Заинтересираните компании треба да го пополнат БАРАЊЕТО за аплицирање.
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
- мали компании (до 50 вработени)
- средни компании (до 250 вработени)и
- големи компании (над 250 вработени)
Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа.
Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: jasmina.chaloska@mf.edu.mk и ddocinski@mtsp.gov.mk .
Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.
Повеќе информации на:
http://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-povik-za-ucestvo-vo-izborot-za-dodeluvanje-na-nacionalna-nagrada-za-dobra-praksa-na-bzr-2017.nspx
Views: 265