ПОВРЕДЕН ВРАБОТЕН ВО ТУТУНСКА БАНКА

Дваесет и шестгодишниот Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата на НЛБ „Тутунска банка“ е повреден во вооружениот грабеж кој утрово се случил во Чаир, потврдуваат за „Република“ од СВР Скопје.

Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Ферид Барјам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата, соопштуваат за „Република“ од СВР Скопје.

Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.

Според првичните информации од полицијата, сторителите успеале да одземат пари од банката, но засега не се наведува за колкав износ станува збор.

Visits: 145

Posted in Несреќи при работа and tagged , .