Oколу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во селото Горна Баница, гостиварско, 72-годишниот Ќ.М. од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило.
Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Views: 127