Двајца работници загинаа и еден е тешко повреден

ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА ВО ЧАИР: Загинаа двајца браќа, а повреден е нивниот зет (ФОТО)

ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА ВО ЧАИР: Загинаа двајца браќа, а повреден е нивниот зет   (ФОТО)

Двајца работници загинаа и еден е тешко повреден по излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште “Пенко” на улицата Кемал Сејфула во скопски Чаир. Несреќата се случи денеска околу 11:00 часот. Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко. Неофицијално, повреденото лице е нивниот зет.

Според очевидци, за време на несреќата таткото на двајцата работници бил присутен и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Каналот бил длабок околу два метри. Во моменов екипи на Министерството за внтарешни работи и Судска медицина се на местото на несреќата

Инаку, телата на двајцата браќа  се извлечени и ги однесе погребалната служба, додека третиот тешко повреден работник е префрлен во болница и неговата состојба не е позната.

Visits: 107

Posted in Несреќи при работа, Новости.