Три лица нападнале таксист, при приведувањето повреден и еден полицаец

Полициски службеници привеле три лица, од кои едниот малолетник, кои нападнале такзи возач, а потоа и еден полицаец при самото приведување, информира МВР.

-На 23.10.2019 околу 22.00 часот во полициската станица во Кичево биле приведени С.Ј.(24), А.А.(18) и 16 – годишен малолетник, сите од Кичево. Претходно, тие околу 19.40 часот на патот од селото Србјани кон Македонски Брод, кај селото Издеглавје, физички го нападнале такси возачот А.Г. и му го одзеле возилото „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, со кое ги превезувал од Охрид кон Кичево- наведуваат во соопштение од МВР.

Веднаш по пријавување на настанот биле преземени мерки од страна на полициски службеници  и за кратко време лицата биле пронајдени и приведени. При преземањето дејства, со повреди се здобил еден полициски службеник.

Visits: 128

Posted in Несреќи при работа and tagged .