Четворица повредени работници во несреќата во„Макстил“

„Во СВР Скопје во 07:53 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.

„Во седум часот е примена дојава  од Макстил за истекување течен метал од челичаната. Интервенирано е со четири возила  и 12 пожарникари. Интервенцијата заврши во 8: 40 часот“, изјави за командантот на Единицата за противпожарна заштита на град Скопје Владимир Симоновски.

Visits: 128

Posted in Несреќи при работа.