Тешко повреден работник кој местел колектор на рeката Вардар

Во текот на вчерашниот ден во 16.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Р.(38) од Скопје, кој се здобил со повреда при извршување работни задачи при поставување колектор на р.Вардар. Од страна на лекар на Б.Р. му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Инспектор од државен инспекторат за труд. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Visits: 106

Posted in Несреќи при работа.