Утрово нешто по 6 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка, дознава Centar.mk
Според неофицијални информации на Centar.mk за време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден.
Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Views: 122