Товарно возило излета од патот Дебар-Маврово, возачот тешко повреден

Возач е тешко повреден откако товарно возило „Ивеко“ излетало од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за с.Ростуше.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу пладне.

-Во незгодата, возачот И.Ф.(56) од с.Стримница, општина Желино се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

ИЗВОР

Visits: 104

Posted in Несреќи при работа.