Скопски камионџија повреден во запалената цистерна кај Свети Николе

На 14.03.2020 околу 18.55 часот на автопатот Свети Николе–Штип, кај место викано „Медово“, се превртела цистерна со бензин, со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д.(45) од Скопје, по што се запалила.

По незгодата, С.Д. бил пренесен во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош, каде што му биле констатирани телесни повреди. Пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Свети Николе и Штип.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Свети Николе.

ИЗВОР

Visits: 143

Posted in Несреќи при работа.