Филмска потера во тетовско: Oштетени автомобили, повреден полицаец и еден приведен

Полициска потера во полошкиот регион, синоќа околу 22:00 часот, резултираше со неколку оштетени автомобили и едно приведено лице, пишува Алсат.

Како што дознава Алсат, драмата започнала кога полициска патрола од пунктот кај с. Топлица, гостиварско, се обидела да запре автомобил „фолксваген пасат“, со германски регистарски ознаки. На дадениот знак, возачот наместо да го запре возилото продолжил да се движи кон Гостивар, а полицијата тргнала по него.

Набрзо „фолксвагенот“ бил забележан паркиран на полски пат кај с.Врапчиште со изграснат мотор и светла. При обид на полицајците да превземат службени дејствија возачот го стартувал моторот и возејќи наназад повредил еден од полицајците во пределот на левата нога и се дал во бекство по автопат Гостивар-Тетово.

На наплатната рампа кај Тетово, била поставена полициска контрола која повторно му дала знак на возачот да го запре возилото. Тој не сопрел и продолжил по автпатот кон Скопје, а го следеле два полициски автомобила. Бегалецот потоа поминал на поставен пункт во с. Желино каде повторно не запрел на даден знак и се исклучил на региноналниот пат за с.Сириќино, каде е застигнат од страна полицијата и од патрола на ЕБР.

При ревземање на дејствија од страна на полицијата, бегалецот им ги оштетил службените возила удирајќи ги со неговото возило . Набрзо, лицето е лишено од слобода. Станува збор за 34 годишен жител на с. Пирок.

Како што дознава Алсат, во случајот најверојатно станува збор за трговија со наркотици.

Visits: 140

Posted in Несреќи при работа and tagged .