Сообраќајна несреќа помеѓу возило на МВР и товарно возило

На 08.04.2020 во 06.55 часот на патниот правец Кавадарци – Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко комбе „цитроен џампер“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник Р.К., товарно моторно возило „ивеко турбо дајли“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(36) од с.Ваташа, кавадаречко, и патничко возило „ауди А8“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  З.К.(56) од Кавадарци. Во  незгодата со телесни повреди се здобиле полициските службеници Р.К. и неговиот сопатник М.В.. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
Сообраќајна несреќа помеѓу возило на МВР и товарно возило | opserver.mk

Hits: 65

Posted in Несреќи при работа.