Скопјанка тешко се повредила на работно место во фабрика

Дваесет и двегодишна скопјанка била донесена со тешки повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Според изјавата пред лекарите К.Д. се повредила додека извршувала работни задачи во фабрила во Скопје.

„На 08.04.2020 во 04.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” била донесена К.Д.(22) од Скопје, која околу 02.20 часот се повредила додека извршувала работни задачи во фабрика во Скопје, при што ѝ биле констатирани тешки телесни повред“, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЛИНК

Visits: 113

Posted in Несреќи при работа.