Работник загина во шума во Пехчевско поради непреземени мерки за заштита

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против правно лице од с. Црник, Пехчевско, и И. М. (48) од с. Црник, одговорно лице во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела непреземање мерки за заштита при работа и повреда на правата од работниот однос.

На 29.4.2020, при изведување работи во шума на местото наречено Рамно Борје, сопственост на ЈП „Национални шуми“ – ШПС „Равна Река“ – Пехчево, како последица на непреземените мерки за заштита на работниците при работа и неизвршена обука за вршење на предвидените работи во шума на ангажираните лица од страна на наведното правно и одговорно лице, предизвикана е смрт на В. С. (65) од Пехчево, кој не бил вработен во правниот субјект, но бил ангажиран од одговорното лице да работи за дневница.

ЛИНК

Visits: 61

Posted in Несреќи при работа.