Тешко повреден градежен работник во Кичево

Кичево, 14 мај 2020 () – Со тешки телесни повреди вчера околу 11.30 часот се здобил градежниот работник Д.К.(35) од Кичево. Тој паднал од објект во изградба на улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево и бил префрлен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека бил извршен увид. Димоски соопшти дека во текот на изминатото деноноќите две лица од Кичево не го почитувале полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“. -Во истиот период не се регистрирани сообраќајни незгоди ниту кражби, објасни Димоски. рз/
Тешко повреден градежен работник во Кичево | opserver.mk

Visits: 54

Posted in Несреќи при работа.