Работник повреден при сеча на дрва кај селото Опеница

Охрид, 22. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јули 2020 година во СВР Охрид, од страна на Планинарската спасителна служба при Црвениот Крст, пријавен е повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница.

– При увид извршен на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека 30-годишниот Н.Р. од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума извршил погрешно насочување на дрво кое при пад, го повредило 42-годишниот Б.И. од Охрид, вработен во истата фирма. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид фото: ПСС

Visits: 65

Posted in Несреќи при работа.