Возачот избегал, повреден полицаец: Несреќа кај патарината Миладиновци

На наплатна рампа „Миладиновци“ вчера во 6:44 часот се случила сообраќајна незгода во која повреден е полицаец.

Во несреќата учествувале товарано возило „фолксваген транспортер“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел“, со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ЛИНК

Visits: 64

Posted in Несреќи при работа.