Доцна вечерва се случила тешка сообраќајка на патот Охрид – Св. Наум, кај населбата Лагадин. Дознаваме дека тешко повреден е сообраќаен полицаец од СВР Охрид кој со службен мотор се движел по патот и дека во сообраќајката учествувало и друго возило. Информацијата за случената сообраќајка ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој не даде подетални информации како се случила сообраќајката. Димоски, за утре најави повеќе информации.
Views: 34