Тешко повреден градежен работник во Ваташа

Вчера доцна попладне, околу 18.00 часот, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека Н.Ј.(37) од село Глишиќ, кавадаречко, се здобил со тешки телесни повреди додека изведувал градежни работи на објект во село .Ваташа.

Куќата е во сопственост на П.М.(60) од Кавадарци.

Повредениот градежен работник бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана лекарска помош. Полициска увидна екипа на станицата во Кавадарци извршила увид на местото на несреќата. Резултатите од увидот ќе ги утврдат причините за повредите што ги здобил градежниот работник.

Рано утринава, околу 03.00 часот во Полициската станица Кавадарци, С.А. (37) од Кавадарци пријавил дека пред угостителски објект во село Глишиќ бил физички нападнат од Џ.Д.(30) и И.М.(23). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес

Час и половина подоцна, поточно во 04.30, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во трафика на ул.„Пано Мударов“ во Кавадарци едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари.

Полицијата направила увид на местото на грабежот и се преземаат мерки за откривање на ограбувачот како и за расчистување на случајот. /А.Д

ЛИНК

Visits: 63

Posted in Несреќи при работа.