Триесет и седумгодишен кавадарчанец попладнево се здобил со тешки повреди откако паднал од стар кров на производствена хала која била во фаза на реновирање. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Дано Кулев, дежурен хирург при хируршкото одделение на Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
При падот, тој се здобил со тешки повреди на двете колена, главата и вратот. Направивме рентген снимки на колената и вратната кичма и констатирана е политраума, скршеници на двете чашки на колената. Потребно е да се изврши компјутерско снимање на главата и вратната кичма и оперативен зафат на колената. Му дадовме инфузиона терапија и со сите неопходни припреми и заедно со придружба од медицинска сестра, го упативме на клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.
Тој нагласи дека во Скопје неопходно е да се изврши оперативен зафат на фрактурите и компјутерско доиспитување на останатите повреди на вратот и главата.
Views: 81