Повреден рудар во Крива Паланка

Педесет и петгодишен рудар се здобил со повреди откако паднал од машина во рудник во Крива Паланка.

Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот во полиција, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник во Крива Паланка паднал од машина и се здобил со повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.

ЛИНК

Visits: 44

Posted in Несреќи при работа.